Дувњак: Мораме да бидеме претпазливи, пет месеци без ракомет може да донесе многу проблеми

Ракометниот гигант Кил пред неколку дена го доби шампионскиот трофеј од Бундеслигата. Најквалитетното ракометно првенство во Европа и покрај тоа што предвреме стави крај на сезоната, го круниса лидерот Кил за нов шампион.

Еден од најдобрите ракометари на „зебрите“ оваа сезона, Домагој Дувњак не го криеше задоволството од освоениот трофеј, за кој смета дека е освоен повеќе од заслужено. 

„Одигравме одлична сезона. Покажавме неверојатен ракомет во Бундеслигата и Лигата на шампионите. Мислам дека сосема заслужено го освоивме пехарот во домашниот шампионат. Сега ни претстои незгоден период, во кој мораме да останеме фит. Пет месеци без ракомет може да донеси многу проблеми“, вели хрватскиот ас.

Искусниот среден бек својата доминација ја круниса со наградата за најдобар играч на сезоната во Бундеслигата, која ја освојува по вторпат во својата кариера.