Дувњак: Јиха не тера да тренираме „манијачки“, по туширање паѓам во несвест...

Поранешниот ракометар и сегашен тренер на Кил, Филип Јиха, наметна силно темпо за време на подготовките во пресрет на новата сезона. Чехот максимално сака да ја подготви екипата најпрво за Суперкупот против Флензбург, а потоа и за остатокот од предизвиците кои следуваат.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by THW Kiel (@thwhandball) on

Сведоштво за бруталните тренинзи доаѓа од Домагој Дувњак кој за хрватските медиуми откри како се чувствува кога ќе замине дома.

„Работиме како манијаци, тренираме три пати дневно. Сабајле трчаме, потоа одиме во теретана, а вечерта играме ракомет. Откако ќе се истуширам паѓам во несвест.

Имаме одлична екипа, но свесни сме дека една повреда или невнимание на тренинг може да ја наруши атмосферата во тимот. Засега не мачи само фактот што нема да има публика на трибините“, вели хрватскиот ракометар.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by THW Kiel (@thwhandball) on

Во рамки од Лигата на шампионите, Кил ќе игра во групата Б заедно со Барселона, Веспрем, Алборг, Нант, Мотор Запорожје, Целје Пивоварна Лашко и ППД Загреб.