Душебаев: Вардар секогаш е меѓу фаворитите, ќе играме во многу тешка група

Екипата на Вардар ќе биде единствениот македонски претставник во „новата“ ракометна Лига на шампиони на ЕХФ. По вчерашната ждрепка во Виена, „црвено-црните“ ги добија противниците против кои ќе водат битка за елиминациона фаза, а меѓу нив е и стариот познаник, тимот на Киелце.

Полскиот шампион, иако се соочува со сериозни финансиски проблеми, според последните најави најверојатно ќе го сочува својот играчки кадар и повторно ќе биде конкурент за највисок пласман.

Шпанскиот стратег на клупата на Полјаците, Талант Душебаев за тамошните медиуми вели дека групата А е за нијанса посилна од другата, но во исто време и порамноправна.

„Според мене, нашата група е посилна од другата, но во исто време и порамноправна. Се чини дека ние, Вардар, ПСЖ и Флензбург ќе се бориме за првите две места. Исто така и Флензбург и ПИК Сегед се квалитетни екипи и не треба да ги потцениме, а Вардар секогаш е меѓу фаворитите“, рече Душебаев.

Групата А ја сочинуваат Вардар, ПСЖ, Киелце, Порто, ПИК Сегед, Мешков Брест, Елверум и Флензбург, а само првите две екипи ќе обезбедат директно учество во четвртфиналната фаза.