Душебаев: Вардар е во тешка ситуација, но пак е меѓу најдобрите во Европа

Талант Душебаев беше незадоволен по првиот меѓусебен дуел на Вардар и Киелце во Скопје, но сега по мечот во Полска зборуваше полесно, затоа што неговиот тим ги надигра „црвено-црните“ и успеа да ги совлада со двоцифрена разлика (35-25).

Искусниот стратег по средбата изјави дека Вардар бил респектиран максимално, а како причина за успехот, тој ја апострофира добрата игра на тимот, но и хендикепот на македонскиот првак поради повредите.

„Најпрво, морам да кажам дека имаме голем респект кон Вардар, се работи за европски шампион. Знаевме дека тимот се наоѓа во тешка ситуација. Без Толедо, без Кристопанс, исто и со други повредени играчи. Дисингер и Атман само што се вратија на терен. Дома не ги правевме истите грешки како во Скопје. Имавме подобар шут. Вардар и понатаму е еден од најдобрите тимови во Европа“, смета Душебаев.

Киелце сега е на делба на второто место во Лигата на шампионите со Веспрем, додека лидер во групата е Кил. Но, бодовната разлика меѓу тимовите е мала, па од коло во коло сигурно ќе се менува ситуацијата.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4