• Мартин Танасковски
Кризата во редовите на германскиот гигант Кил и натаму трае, а иднината на тренерот Филип Јиха сè уште не е решена. Во меѓувреме, во јавноста се појавија шпекулации за можните наследници, меѓу кои се споменуваше и еден од најуспешните ракометни тренери на денешницата Талант Душебаев.
Сепак, искусниот стратег стави крај на сите гласини и порача дека нема намера да се враќа во клупскиот ракомет во блиска иднина. 58-годишниот Душебаев откри дека првично планирал уште ова лето да се врати на клупата по заминувањето од Кјелце, но во меѓувреме ја променил својата одлука.
Наместо нов клупски ангажман, тој решил во следниот период целосно да се посвети на работата со француската репрезентација.
„Правам пауза од клупскиот ракомет во следната година и целосно ќе се посветам на репрезентативните обврски. Во тој период ќе видам дали таквиот ритам ми одговара и на подолг рок“, изјави Душебаев.
Со оваа изјава, легендарниот тренер практично се повлече од конкуренцијата за евентуално преземање на Кил, кој ќе мора да бара други решенија доколку се одлучи за разделба со Филип Јиха.