Душебаев прв стрелец, Дибиров и Чупиќ најдобри вардарци по групите на ЛШ

Групната фаза во Лигата на шампионите заврши, а новитет е што сите клубови продолжуваат понатаму. Меѓу нив е и македонскиот ракометен првак Вардар, кој сезоната ја заврши на седмото место и во осминафиналето ќе вкрсти со Веспрем.

ЕХФ ја ажурира листата на најдобри стрелци, а на врвот е некогашниот ракометар на Вардар, а сегашен член на Киелце, Алекс Душебаев со вкупно 80 реализации.

Шпанецот се наоѓа пред Микел Хансен од ПСЖ со 72 гола, додека третото место го делат Вјачеслав Бокан и Микита Валјупов од Мотор Запорожје и Мешков Брест со по 67 постигнати гола.

Од таборот на Вардар, на листата највисоко котира Тимур Дибиров. Руското крило е шестопласирано со 63 постигнати гола. Тука е и Иван Чупиќ, исто така крило, но по потреба и бек, кој е петнаесетти со 52 гола.

Возбудувањата во Лигата на шампионите продолжуваат на самиот крај на март и почетокот на месец април.

  • Целосната листа на најдобри стрелци во групите на ЛШ: