Душебаев му даде 11 гола на Веспрем, Киелце изби пред Вардар

Екипата на Киелце забележа важна победа во ракометната Лига на шампиони и на домашен терен во дербито на колото славеше над Веспрем (34-33) со што направи чекор напред на табелата.

Дербито го оправда епитетот на дерби, затоа што беше супер-изедначено и возбудливо. Во првиот дел се играше гол за гол, тоа го говори и резултатот (17-17), а на стартот на вториот дел, Душебаев имаше блесок и го одведе Киелце на 23-19.

Но, Веспрем не се предаде, на десет минути пред крајот се врати на 29-29 и ја најави драмата во Полска. Киелце во финишот имаше константна предност од два до три гола, а Веспрем цело време бркаше. Најблиску што гостинот дојде беше еден гол, но, немаше време за чудо.

Душебаев беше најдобар кај Киелце со 11 гола, додека Каралек заврши со пет, а кај унгарскиот тим Гајиќ даде седум, а Лауге и Тонесен имаа по пет. Киелце со оваа победа скокна на четвртото место, пред Вардар кој е петтопласиран, но со натпревар помалку.

Значајна победа впиша и рускиот шампион Чеховски Медведи, кој славеше против Кристијанштад со 37-26. 

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4