Душебаев: Имам чувство дека ние загубивме бод против Вардар!

Од таборот на Киелце може да жалат затоа што не го победија Вардар, но истовремено треба и да се среќни затоа што не загубија во СЦ „Јане Сандански“ затоа што Скубе не реализира напад за победа (28-28).

По натпреварот, тренерот Талант Душебаев беше разочаран затоа што неговиот тим не успеал да победи во Скопје и вели дека Вардар профитирал од овој резултат и од целата ситуација, ако се согледа како мечот се движеше во вториот дел.

„Честитки за двата тима за прикажаната игра. Убаво е да се игра во оваа сала, пред оваа публика. Имам чувство дека ние загубивме поен, а Вардар профитира од овој резултат и освои бод. Во второто полувреме голманот на Вардар беше фантастичен, имаше седум до осум важни одбрани. Тоа му даде шанса на противникот да се врати. Но, честитки за играта, играа без важни играчи. Противникот имаше шанса да победи, но не успеа“, изјави Душебаев.

Киелце по долго време успеа да остане непоразен во Скопје, односно за првпат по 2015 година и четири порази во низа.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 8 6 1 1 249:218 31 13
2 МонпелјеМонпелје 8 5 1 2 223:214 9 11
3 ВеспремВеспрем 1 8 5 0 3 267:235 32 10
4 КиелцеКиелце 1 8 4 2 2 248:231 17 10
5 ВардарВардар 2 8 4 1 3 235:252 -17 9
6 ПортоПорто 8 3 2 3 230:240 -10 8
7 Мешков БрестМешков Брест 8 1 0 7 219:251 -32 2
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 8 0 1 7 232:262 -30 1