Душебаев: Игравме со почит кон Вардар од почеток до крај

Полски Киелце вторпат во седум дена го совлада Вардар. По сигурната победа во Скопје, полскиот првак дојде до посакуван резултат и на домашен терен (36-29), а тренерот Талант Душебаев го коментира мечот во ракометната елита.

„Морам да признаам дека сум многу одушевен и среќен од резултатот. Благодарност до играчите за она што го покажаа во текот на целите 60 минути. Сите го почитуваа Вардар, кој е освојувач на ЛШ во моментов. Знаевме пред мечот дека е тешко да се играат два меча во краток период со ист противник. На Вардар му посакувам се најдобро во наредните мечеви и подобри натпревари“, изјави Душебаев.

Киелце е најдобра екипа во групата, а во следното коло ќе гостува кај ПСЖ на Раул Гонзалез.