Душебаев го сака Јагањац во полски Киелце 

Иднината на хрватскиот ракомет, Халил Јагањац, е пред трансфер од соништата, затоа што за неговите услуги е заинтересиран еден од најдобрите европски тимови и поранешен освојувач на Лигата на шампионите.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, полски Киелце тргна по потписот на поранешниот ас на Металург

Наводно, полскиот шампион бил подготвен да го доведе Јагањац уште ова лето, без разлика што ќе мораше да плати обештетување, но Нексе Нашице експресно ја одби таа понуда, со изговор дека нема намера предвреме да се разделува со својот најдобар ракометар.

Така, левиот бек во целост ќе го одработи договорот со вицешампионот на Хрватска, а следното лето како слободен ракометар ќе може да го засили Киелце.