Душебаев го отпиша Вардар од Ф4 во Келн, има други четири фаворити

Полски Киелце ќе биде следен ривал на Вардар во Лигата на шампионите, а стратегот на првакот, Талант Душебаев, смета дека оваа сезона македонскиот тим нема доволно моќ да игра на Ф4-турнирот во Келн.

Вардар три години игра на завршницата, двапати го крена пехарот, оваа година е европски владетел, но, Душебаев не го гледа меѓу тимовите кои ќе патуваат на завршницата.

„Го победивме Веспрем, еден од фаворитите за Ф4-турнирот во Келн. Кажав многу пати пред стартот на оваа сезона – ПСЖ, Кил, Барселона и Веспрем се најдобрите четири тима во ЛШ и кандидати за пласман на Ф4-турнирот во Келн. По финалето во 2016 година, ова е прва наша победа над Веспрем и среќен сум поради тоа“, вели Душебаев во едно интервју.

Дуелот меѓу Вардар и Киелце се игра в недела и е највозбудливиот дуел во колото од ракометната елита. И двата тима влегуваат во добра форма – Вардар со триумф над Мешков, а Киелце со победа над Веспрем.