• Мартин Танасковски

Талант Душебаев нема да го дочека крајот на големото полско дерби меѓу Киелце и Виспа Плок, затоа што доби директен црвен картон поради голема нервоза и приговори кон судиите и делегатите.
Ракометарите на Висла беа многу груби, правеа прекршоци, а посебно им се „намерачија“ на синовите на тренерот, Алекс и Дани Душебаеви. Талант полуде крај аут-линијата, им кажа многу зборови на делегатот и делителите на правдата, па беше исклучен.
Душебаев е познат поради својот темперамент, но ретко кога добива црвени картони како овој на денешниот меч. Во ова дерби повреда заработи Дани Душебаев и не го продолжи натпреварот.