Дупјачанец: Мора да се подобриме во оваа Европска лига

Даниел Дупјачанец имаше солидна партија меѓу стативите на Металург, ама македонскиот претставник не успеа да дојде до позитивен резултат на гостувањето кај Тулуз (33-29). По првиот меч во Европската лига на ЕХФ, најксусниот ракометар на Металург говореше за медиумите.

„Најпрво, би сакал да му честитам на Тулуз за победата, беа подобри од нас и одиграа добро во одбраната. Се согласувам со мојот тренер дека мора да работиме во дефанзивата. Промашивме многу напади, бројот на фаули исто така што го направивме беше низок, можеби тоа беше причината за поразот. Но, како што кажав претходно, во групната фаза на оваа Европска лига сме да се подобриме како тим. Мора да анализираме каде погрешивме и да извлечеме поука од која ќе најдеме начин како да ги намалиме тие грешки“, изјави Дупјачанец.

Шанса за прва победа Металург ќе има веќе за седум дена, кога во Скопје доаѓа полска Висла.