Дуел на голманските гиганти: Митревски против Коралес во дербито на колото

Митревски

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски ќе се обиде да му помогне на Порто да го одбрани домашниот терен од Веспрем.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го најави овој дуел со статистика на двата најдобри голмани по три одиграни кола. Македонскиот репрезентативец ќе застане на едната, а на спротивната страна ќе се појави Родриго Коралес. Шпанецот има за нијанса подобри резултати од македонскиот голман по воведните три средби. Најдобра партија за Митревски беше онаа против Флензбург, кога одбрани 46% од ударите на бундеслигашот.

Шпанскиот чувар на мрежата се истакна на домашниот дуел со Барселона. Унгарскиот гигант запиша минимална победа благодарение на неговите 43% одбранети удари.

Веспрем беше убедлив на претходните две соочувања и ќе биде фаворит и на денешната средба, на која поради повреда нема да настапи Дејан Манасков.