Дуел на гигантите во полуфиналето, Мец и Битигхајм по прв трофеј во женската ЛШ

Следува уште една интересна завршница во ракометната Лига на шампиони во женска конкуренција. ЕХФ официјално ги одреди полуфиналните парови за завршниот турнир во Будимпешта и закажа две исклучително интересни пресметки. 

Трета година по ред на турнирот ќе учествува данскиот претставник, Есбјерг, и ќе се соочи со секогаш силниот тим на Ѓер, кој ќе се обиде да стигне до шестата титула во елитното натпреварување. Унгарскиот клуб само еднаш го пропушти завршниот турнир и повторно ќе има блага фаворитска улога, но тука се очекува огромна борба и неизвесност до самиот крај. 

Второто полуфинале го сочинуваат францускиот Мец и германскиот Битигхајм. Двата тима немаат трофеј во Лигата на шампионите и еден од нив сигурно ќе обезбеди учество во големото финале. Завршниот турнир ќе се одигра на први и втори јуни, а домаќин ќе биде „МВП Дом“ во Будимпешта.