Дуел на Давид и Голијат: Може ли Вардар до изненадување во „Шпаркасен“?

Лигата на шампионите се враќа на програмата и тоа со дерби-дуел меѓу екипите на Кил и Вардар во „Шпаркасен Арена“.

Двата тима кои според формата се како Давид и Голијат ги чека голема борба. Кил е фаворит, Вардар е во подредена улога поради повредите и сите останати проблеми кои се наталожени, но „црвено-црните“ повеќе пати покажале дека не смее никој да ги отпишува.

Кил во дуелот со Вардар влегува со дерби-победа над Хановер во рамки на Бундеслигата. Мал хендикеп на „зебрите“ се уморните играчи од ЕП 2020, меѓу нив главната ѕвезда Домагој Дувњак кој од авион веднаш почна да игра натпревари. 

На овој натпревар Вардар нема да може да смета на двајца важни играчи, Кристијан Дисингер и Данил Шишкарев. Првиот има повреда на менискусот, додека вториот има инфекција на увото и не може да помогне. Добра вест е што новиот тренер Стевче Алушовски ќе може да смета на Толедо.

Последниот дуел меѓу Вардар и Кил беше кошмарен за македонскиот тим затоа што во Скопје се загуби убедливо (31-20). Вечно ќе се памети катастрофалното прво полувреме и само четирите постигнати гола во 30 минути, од кои само два беа од игра.

Во меѓусебниот скор Вардар има две победи, Кил се радувал шест пати. Токму на последниот меѓусебен дуел во Германија, македонскиот тим впиша минимална победа (28-29). Натпреварот меѓу двата ракометни гиганти се игра со почеток од 19:00 часот.

Кил е лидер во групата Б со 16 бода, додека Вардар се наоѓа на шестото место, последното кое води во нокаут-рундата со девет бода.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4