Дуарте наместо во Скопје заврши во Гепинген

Португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте требаше да биде дел од ростерот на Вардар 1961 во претстојната натпреварувачка сезона.

Меѓутоа забраната за настап во Лигата на шампионите си го направи своето. Македонскиот првак нема да биде дел од елитата, па тоа го натера искусниот лев бек да пронајде нова играчка средина. Кариерата на Португалецот ќе продолжи во германски Гепинген. 32-годишникот стави потпис на едногодишна соработка.

Дуарте започна во Порто, а потоа настапуваше уште за Висла Плок, Барселона и Монпелје.