Дрогришки: Плеј-офот многу ќе значи за нашата млада екипа (ВИДЕО)

Со три победи и едно реми во последните четири натпревари од групата Б на Суперлигата, Еурофарм Пелистер 2 обезбеди место во разигрувањето за титулата и места во евро-куповите. Екипата на Александар Јовиќ се потпре на младоста и ентузијазмот, но и на искуството на Васко Димитровски, Дрогришки, Јован и Стефан Талевски...

Стефан Дрогришки верува дека плеј-офот ќе биде од големо значење за младите ракометари и за екипата како целина.

„За нас голем плус е пласманот во плеј-офот. Натпреварите ќе ни дозволат да растеме како играчи. Јас сум можеби поискусен, но има и млади ракометари на кои овие дуели ќе им бидат од големо значање за понатамошен развој.

Мислам дека овој тим има капацитет да се натпреварува со најдобрите екипи. Треба да работиме во подобрување на некои сегменти со што би биле подобар противник за нив. За нас е задоволство и уживање да се натпреварување со екипи како Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, кои се во врвот на европскиот ракомет“, вели поранешниот репрезентативец. 

  • Комплетната изјава на Стефан Дрогришки:

Првиот натпревар од вториот дел на сезоната, Еурофарм Пелистер 2 ќе го одигра токму против Вардар 1961 на почетокот на март. Првиот дел е закажан за в сабота против еден од директните конкуренти за влез во разигрувањето, екипата на Прилеп на Горан Кузманоски.