Дрогришки: Нема да го потцениме Куманово, но сакаме да се вратиме на победите

Ракометарите на Охрид ќе бараат враќање на победничките патеки на гостувањето во Куманово од третото коло на Суперлигата. По поразот од Алкалоид, сега „гладијаторите“ се голем фаворит пред претстојниот натпревар овој викенд. 

Следниот предизвик го најави бекот Стефан Дрогришки. Тој нагласи дека Охрид мора да го надмине поразот, со добар настап во Куманово.

„По тешкиот пораз од Алкалоид, нè очекува гостување во Куманово. Мора да работиме максимално посветено и да се вратиме на победите. Не потценуваме ниту еден ривал. Одиме на ова гостување за да одиграме добар натпревар, за да продолжиме кон исполнување на нашите цели и амбиции“, изјави Дрогришки. 

Пресметката меѓу кумановчани и охриѓани е закажана за в сабота во терминот од 13:00 часот.