Дрогришки: Не знам како ќе изгледа овој Пелистер, навивачите заслужуваат сериозен клуб...

Еден од тројцата ракометарите на Пелистер кој и ланската сезона го носеше дресот на „зелено-белите“, Стефан Дрогришки посакува проблемите со битолскиот клуб што побрзо да се решат, затоа што како што вели тој Битола и навивачите заслужуваат сериозен ракометен клуб со сериозни амбиции.

Некогашниот шампион на Македонија во последен момент доведе неколку засилувања со кои ќе ја стартува новата сезона на Суперлигата, а своето деби ќе ги има пред својата публика против Бутел. 

„Ни претстои првиот натпревар во новата сезона, кој за нас доаѓа прерано со оглед на тоа што кога сите екипи веќе ги завршуваа подготовките, ние ги започнавме. Не знам како овој Пелистер би изгледал на терен, затоа што сме само еден месец во тренажен процес и не одигравме речиси ниту еден посериозен тест. Припремите ги одработивме со младинците, а новите играчи ни се приклучија вчера. Се надевам дека конечно наскоро ќе заврши разврската од „Платформата за ракометна Битола“, но исто така се надевам дека овие случувања нема да остават последици во сезоната која претстои. Битолската публика, како и „Чкембарите“ заслужуваат сериозен ракометен клуб со сериозни амбиции“, вели бекот на Пелистер. 

„Зелено-белите“ пред неколку дена добија пет засилување од градскиот ривал Еурофарм Работник, а покрај Дрогришки во ростерот на Александар Зарков од ланската сезона се уште Васко и Иван Димитровски

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 1 1 0 0 37:30 7 3
2 РадовишРадовиш 1 1 0 0 32:28 4 3
3 Пролет 62Пролет 62 1 1 0 0 21:19 2 3
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 1 1 0 0 26:24 2 3
5 РаботничкиРаботнички 1 0 1 0 25:25 0 1
5 СтругаСтруга 1 0 1 0 25:25 0 1
7 ПелистерПелистер 1 0 0 1 24:26 -2 0
7 Охрид 2013Охрид 2013 1 0 0 1 19:21 -2 0
9 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 1 0 0 1 28:38 -10 0
10 Металург 2Металург 2 1 0 0 1 30:37 -7 0