• Горан Упале

Стефан Дрогришки и оваа сезона е еден од највозрасните ракометари на Еурофарм Пелистер 2, кој по ланскиот убедлив настап во Прва лига, се врати во ракометната елита во Македонија. Младите пелистерци сезоната во Суперлигата ја започнаа со победа на гости кај Прилеп, а својот прв натпревар пред домашната публика ќе го одиграат против силниот Вардар.
Дрогришки истакна дека екипа е мотивира за овој натпревар и најави голема борба против фаворизираниот противник.
„По доброто отворање на сезоната, нè очекува натпревар против Вардар. Мотивирани сме да покажеме борбена игра која што ја красни нашата екипа. Секако дека максимално се подготвивме за овој натпревар во кој очекуваме голема поддршка од нашите најверни навивачи „Чкембарите“. Се надевам дека ќе уживаме во еден прекрасен натпревар“, рече некогашниот репрезентативец на Македонија.
Натпреварот во Битола е закажан за в недела, со почеток од 17:00 часот. Вардар, сезоната во Суперлигата ја отвори со победа над Струга.











