
Ракометарите на Металург 2 и Вардар Јуниор одиграа нерешено, 18-18, во натпревар од 4. коло во плеј-аутот од Суперлигата. Овој резултат не одговара на ниту една од екипите, па шансата за одлепување од местото кое носи бараж, ќе ја бараат во следните натпревари.
По почетните 4-4, гостите први се одлепија и поведоа со 4-8 во првиот дел, во кој паднаа вкупно 14 голови, 6-8. Во второто полувреме Металург 2 фати приклучок и со серија од четири голови поведе со 10-8.
Сега беше ред на Вардар Јуниор, кој врати исто на домашната серија и ја презема контролата, 10-12. Откако домашните израмнија на 12-12 се играше гол за гол. Додиќ донесе предност за Металург 2, 16-15, но битолската двојка Трпчевски и Димитровски ја анулираше таа предност и во последната минута се влезе со 16-17.
Младеновиќ донесе реми, 17-17, пред тајм-аутот на Столе Петрушевски, па Димов од десно крило погоди за 17-18 за Вардар Јуниор. На дваесетина секунди до крајот, Раде Стојановиќ повика минута одмор и неговите играчи организираа акција, по која кружниот напаѓач Митиќ со првиот гол на мечот за конечни 18-18.
Со овој бод, ниту едната ниту другата екипа не добија многу во борбата за опстанок, односно бараж, па шансата ќе ја бараат во следните мечеви. Најдобри стрелци во домашниот тим беа Младеновиќ и Костески со по шест голови, додека кај гостите се истакна Димов со седум погодоци.