Драма во Гевгелија: Трајковски во последната секунда донесе победа за Неготино

Слично како и на суперлигашките мечеви Еурофарм Работник - Металург и Охрид - Пролет, и на прволигашките терени неколку натпревари се решаваа со голови во последни секунди. Вардар Неготино победи со гол од пенал по истекот на времето победи со 32-33 кај Партизан Гевгелија.

По првиот дел гостите водеа со 17-19, а во второто полувреме се одлепија на +4, 19-23. Упорните домаќини стигнаа до 23-23. Во следниот период се играше гол за гол до 28-28, потоа Партизан ја имаше контролата и стигна до 30-28.

Вардар Неготино има во своите редови искусни ракометари, па не се исплаши од домашната предност и се врати во мечот со водство 31-32. Домашните израмнија на 32-32, а неготинци тргнаа во полуконтра во последните секунди.

Коцев беше грубо фаулиран од Костадинов, кој доби директен црвен картон од судиите Ќаеви, а пеналот по истекот на времето го реализираше Трајковски за победа на Вардар Неготино со 32-33.

Тој беше најефикасен во триумфот со седум голови, а по шест дадоа Кузманов и Велјанов, додека кај Партизан се истакнаа Митревски со десет и Николов со седум.

Резултати

Прва Лига - 20. коло:

Преспа - Струга 21-20
Тиквеш - Металург Јуниор 18-33
Куманово - Текстилец 19-28
Младост - Спартак 32-20
Партизан - Вардар Неготино 32-33
Рудар - Риниа 40-30
Делчево - Бутел 23-36.