Драгана Петковска се раздели со дански Сондерјиске

Македонската репрезентативна голманка Драгана Петковска во новата сезона ќе има нова средина, затоа што се раздели со дански Сондерјиске.

23-годишната Петковска беше дел од тимот од 2018 година, но данскиот тим реши да работи со нова политика и да им даде шанса на младите ракометарки од земјата. Меѓу оние кои ги почувствуваа последиците од одлуката беше и Петковска, а си заминаа и другите странци.

Претходно, Сондерјиске се раздели и со втората македонска ракометарка која настапуваше во тимот, Сара Митова.

Петковска покрај за Сондерјиске во кариерата настапуваше уште и за дански Силкеборг, турски Ардешен и македонските ЖРК Вардар и ЖРК Вардар СЦЈС.