• Горан Упале
Поранешниот селектор на машката репрезентација на Македонија, Драган Ѓукиќ,
се реши да стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина и на социјалните мрежи објави дека својата авантура со ЦСМ Букурешт завршува по крајот на оваа сезона.
Искусниот стратег пред седум месеци го презеде тренерското столче на романскиот гигант, откако Магнус Јохансон по серијата лоши резултати заработи отказ.
„Ви благодарам за сè и ви посакувам што побрзо да ја совладате ситуацијата во која се наоѓа клубот“, напиша Ѓукиќ.
Србинот не успеа да го поправи хаосот кој го остави Јохансон, а капак на сè беа тешките повреди на своите најдобри бека Кристина Неагу и Аманда Куртовиќ кои не ја пропуштија речиси цела пролетна сезона. Тоа резултираше со голема криза и губење на титулата во домашниот шампионат.