Доживува втора младост: Митков му донесе реми на Брегенц против Вест Виен

Поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков, иако длабоко во четвртата деценија од животот, сепак прикажува одлични партии во австрискиот шампионат и би можеле да му позавидат многумина.

Неговиот тим Брегенц стигна до реми, 21-21, на гостувањето кај Вествиен, во натпревар од четвртото коло, а токму десниот бек од Македонија е главниот „виновник“ за тој бод. По водството на домашните со 21-19, Митков погоди двапати по ред, а последниот гол го постигна на пет секунди до крајот.

Инаку, тој беше убедливо прв стрелец и во двата тима и успеа да постигне девет голови. Со ова реми, Брегенц се најде на втората позиција на табелата по четири одиграни меча.