• Мартин Танасковски
РК Алкалоид на дождливото време во Скопје замина за Атина каде што во недела ќе го игра своето прво финале во ЕХФ Европскиот Куп. Велат дождот носи бериќет, па нека биде така за нашиот претставник.
Ракометарите во добро расположение ја напуштија Автокоманда и се упатија кон 700 километри оддалеченото боиште кое ќе биде запишано како историско за клубот кој е акуелен Куп-освојувач на Македонија.
Првиот натпревар од финалниот двомеч ќе се игра во недела со почеток од 18:00 часот во Атина, а директен ТВ пренос ќе има на МРТВ.