• Зоран Мишевски
Еден од најталентираните голмани во Европа, Хрватот Доминик Кузмановиќ, од летото 2025 година ќе го облече дресот на Гумерсбах и ќе заигра во најдобрата лига во светот - Бундеслигата.
Поранешниот германски шампион е на пат да се врати во горниот дом на германскиот ракомет, а таму од голема помош ќе им биде брилијантниот млад хрватски голман. Кузмановиќ, кој експлодираше на Европското првенство, а брани одлично и во дресот на Нексе Нашице, постигна договор со славниот германски клуб по завршувањето на договорот со Нексе, се сели во Германија.
За услугите на Кузмановиќ беа заинтересирани и други клубови од Германија, но тој го избра Гумерсбах.