• Мартин Танасковски

Екипите на ЖРК Чаир, ЖРК Скопје и ЖРК Астибо запишаа победи во своите попладневни натпревари во женската ракометна Суперлига.
ЖРК Чаир беше убедлив против МРК Ѓорче Петров кого го совлада со 41-23 (20-14). Најдобра кај стрелците беше Стефанија Ѓеоргиевска со 16 гола, пред Теодора Дукоска со осум гола, додека Бојана Диневска погоди седум пати. Кај ѓорчепетровки, Ива Велкова имаше шест гола.
ЖРК Скопје успеа да победи на гости кај ЖРК Стружанка со 31-17 (16-10). Марија Стојановска имаше осум гола, пред Мемов, Шехтанска, Петровска, Максимовска и Павлова со по три гола. Кај Стружанка, Маја Раткушиновска даде десет гола.
ЖРК Спартак иако со краток ростер, победи со ЖРК Шампион (22-16). Најдобра на теренот беше Зорица Андовска со тринаесет гола, додека кај Шампион, Филипова и Бојковска погодија по пет пати.
Претходно, победа во својот натпревар забележа и првакот ЖРК Ѓорче Петров.