„Домашниот пораз нè болеше многу, сакаме да му се реваншираме на Вардар“

По пауза од два месеци Лигата на шампионите се враќа во Скопје, а Вардар ќе го пречека големиот ривал Мотор Запорожје, во клучниот натпревар за двете екипи во групата А.

И Вардар и Мотор немаат право на кикс на овој дуел, затоа што со пораз значително ќе ги намалат шансите за елиминациона фаза, што ќе значи голем удар за двете екипи. Еден од поискусните ракометери на Белорусите, Игор Сорока вели дека поразот во нивниот прв дуел беше многу тежок за нив (30-31), но сега се подготвени да му се реваншираат на европскиот првак.

<<< ПОВРЗАНО - Вардар машки „изгина“ во Запорожје и му се одмазди на Мотор!

„Бевме разочарани по поразот пред својата публика, бидејќи тој натпревар беше многу важен за нас. Но, како професионалци знаеме дека тој пораз не е крај на светот. Затоа работите напорно во последниот период и се обидуваме да бидеме целосно подготвени за дуелот во Скопје. Треба да се обидеме да го победиме Вардар, колку и да е тешко за нас. Само така можеме да одиме напред“, рече искусното лево крило на белорускиот шампион.

Дуелот меѓу Вардар и Мотор Запорожје на програмата е утре со почеток од 17:30 часот.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4