Домаќинот и Еурофарм Пелистер ќе го отворат Струшкиот турнир

Екипите на Струга и Еурофарм Пелистер ќе го отворат 52. Издание на традиционалниот ракометен Струшки турнир, кој ова лето ќе се игра нешто порано од претходните, кон средината на овој месец.

На 14. август со почеток од 18:00 часот домаќинот ќе го пречека актуелниот македонски шампион, потоа ќе следи свеченото отворање, а во првиот ден ќе се судрат уште и екипите на Вардар 1961 и Тиквеш.

Струшкиот турнир ќе трае четири дена, а на 17 август ќе се одиграат последните натпревари, односно ќе се дознае освојувачот на овогодишниот турнир. 

  • Комплетниот распоред на Струшкиот турнир:

Традиционално натпреварите ќе се играат на отвореното игралиште крај популарната „женска плажа“, а бранител на титулата е екипата на Вардар 1961.