Домагој Дувњак избран за најкорисен ракометар на сезоната во Бундеслигата

Еден од најдобрите средни бекови на денешницата, Домагој Дувњак, зад себе остави уште една фантастична сезона во Бунделигата, која поради пандемијата не го дочека својот крај. 

Сепак, и покрај прекинот, челните лица на лигата ја продолжија традицијата и ги избраа најдобрите за оваа сезона. Така, во изборот во кој учествуваа тренерите и спортските директори на бундеслигашите, како и фановите, за најкорисен играч на сезоната беше избран токму хрватскиот бек, кој ги брани боите на Кил.

Дувњак, МВП признанието го доби во конкуренција на Мортен Олсен од Хановер, Никлас Ландин од Кил и Хендрик Пекелер, исто така член на Кил. 

Пред неколку дена беа обелодените и најдобрите голмани и стрелци за оваа сезона. Најдобра статистика кај чуварите на мрежата има Дејан Милосављев од Фуксе Берлин, додека најпрецизен беше Исланѓанецот Бјарки Елисон со 215 гола.