Долг ги „блокира“ преговорите меѓу Тарабокија и Металург!?

Екипата на Металург стартува со подготовките, а за следната сезона може да остане без уште еден од бековите, затоа што на излезна врата е босанскиот член Марко Тарабокија.

Тарабокија е во преговори со Металург за да остане и во следната сезона, но, неофицијално, клубот има долг кон него. Токму тоа ќе биде причината ако ракометарот си замине од Скопје, а големи се шансите да дојде до такво нешто.

Тимот од Авткоманда претходно донесе ракометари од Франција и од Португалија како засилувања во бековските линии, а се раздели со Василије Калуѓеровиќ.

Металург во новата сезона се откажа од настапите во Европската лига на ЕХФ и целиот фокус го впери кон домашната сцена, каде ќе се обиде да се вмеша меѓу најдобрите - Вардар и Еурофарм Пелистер.