Доленец се раздели со Нексе и се врати во татковината

Искусниот словенечки репрезентативец Јуре Доленец ги напушти редовите на Нексе од Нашице и премина во редовите на Слован Љубљана.

Така, амбициозниот словенечки тим го договори најголемото засилување и во своите редови доби ракометар со долгогодишно интернационално искуство играјќи за Барселона и Монпеље.

Доленец играше за Нексе во групната фаза на ЕХФ Европската лига, која тимот од Нашице ја заврши на третото место зад Кил и Војводина.

Слован во текот на зимата договори соработка и со Рок Запоншек, голман кој доаѓа од унгарскиот ПЛЕР.