Дојде крајот на полусезоната, а екипата на Никола Стојчевски и натаму е без победа

Никола Стојчевски во дресот на Дрот

Шведскиот ракометен клуб Дрот, каде настапува македонскиот интернационалец Никола Стојчевски, и натаму е без ниту една победа во домашното првенство. Редбергслидс, кој е бивш клуб на ресенчанецот, синоќа славеше со огромни 28-25 (12-10) против Дрот за кој настапи во поголемиот дел од мечот нашиот интернационалец.

Дрот остана закован на дното со само 1 бод, а следниот меч ќе го има на 27. декември против Карлскрона.

Никола Стојчевски постигна еден гол во поразот на Дрот. Последен пат за репрезентацијата на Македонија, Стојчевски настапи на европското првенство во Данска пред две години.