Додиќ: Металург ми даде многу, не размислувам на заминување

Српскиот вундеркинд, како што го претставуваат тамошните медиуми, Стефан Додиќ, имаше деби за паметење во репрезентативниот дрес на „орлите“. Младиот бек на Металург за првпат во својата кариера доби репрезентативен повик за А-селекцијата на Србија, а својата шанса ја искористи на фантастичен начин. 

Со одличната игра Додиќ ја заслужи и оправда довербата која му ја даде новиот српски селектор Тони Џерона, а во разговор со „Balkan-handball“ 17-годишниот бек меѓу другото се осврна и на својата кариера во Металург. 

„На само 13 години заминав во Металург. Тој клуб ми даде нешто што никој друг не би го направил. Играв во Лигата на шампионите и СЕХА на 15 години, тренирав со одлични тренери и играчи. Металург ми даде многу, тоа беше вистинскиот чекор во мојата кариера. Кога во прашање е мојата кариера, искрено размислува да заминам само во клуб каде ќе може да играм. Не брзам, не размислувам за заминување и останувам во Металург“, рече младиот српски бек.

Додиќ оваа сезона доби и голема минутажа во редовите на Металург и благодарение на одличните партии го натера шпанскиот стратег да го повика за настап за Србија.