Додевски од ЖРК Куманово дел од специјализараната програма на ЕХФ

Членот на управниот одбор на ЖРК Куманово, Филип Додевски е примен на сертифицираната програма European Handball Manager 2022/23 што ја организира ЕХФ во соработка со German Sport University Cologne од Германија.

Програмата се одвива на секои две години на англиски јазик и се состои од пет интердисциплинарни модули. Секој модул вклучува теоретски и практични делови, кои ги учат експерти од различни области, вклучувајќи економија, право, комуникација и психологија.

„По препорака на главниот менаџер на форумот на европски женски клубови Герд Бутзек, и членот на управниот одбор на Ѓер, Тамаш Сзабо аплицирав и успеав да влезам меѓу дваесетте луѓе што ќе учествуваат на сертифицираната програма European Handball Manager. Се надевам дека со успех ќе го претставам нашиот клуб, град и држава и во 2023 ќе се стекнам со сертификатот“, изјави Филип Додевски.

Менаџерите од врвните европски клубови, како што се Кил, Веспрем и Ѓер, како и ракометните асоцијации и лиги во Европа, веќе успешно го завршија Европскиот ракометен менаџер и сега имаат корист од стекнатото знаење и вештини.