Доброгеа Суд го доби дербито со Стеауа, неочекуван пораз на ЦСМ Букурешт

Доброгеа Суд брзо се созеде од поразот во Данска во саботата и од со победа од 24-25 на теренот на Стеауа ја продолжи серијата на триумфи во романскиот шампионат. Избраниците на Звонко Шундовски беа поприсебни во финишот и ги однесоа бодовите во Констанца. 

ЦСМ Букурешт на Гоце Георгиевски неочекувано загуби на теренот на Динамо Букурешт со 28-20 и ја препушти водечката позиција. Сега, Доброгеа Суд има 42 бода, а Динамо Букурешт собра 40 бода, но екипата од главниот град има натпревар помалку.

За време на викендот Доброгеа Суд на Шундовски, Митревски, Велко Маркоски и Бранислав Ангеловски го пречекува Порто во второто коло од групната фаза на ЕХФ Купот.