• Мартин Танасковски

Управата на ракометниот клуб Загреб го договори трансферот на српскиот репрезентативец Милош Кос во ракометниот клуб Ерланген кој настапува во Бундеслигата.
Хрватскиот шампион и бундеслигашот постигнаа договор за трансфер на 22-годишниот лев бек во зимскиот преоден рок, па така, Милош Кос заради инцидентот кој го направи кариерата ја продолжува во Германија.
Потсетуваме, по препорака на Дисциплинската комисија на хрватскиот ракометен шампион, Милош Кос беше суспендиран заради предизвикување физички конфликт во соблекувалната на РК Загреб по натпреварот од 9. коло на Лигата на шампионите.
За Кос, настапите во Бундеслигата ќе бидат најголем предизвик со оглед на тоа што досега играше за српски Извиѓач и хрватски Загреб.