• Горан Упале
Женскиот суперлигаш, ЖРК Пелистер 2012, активно работи на подготвување на екипа за новата натпреварувачка сезона и го претстави новиот тренер. По разделбата со Адријано Котевски, кој ги водеше битолчани во минатата сезона, ЖРК Пелистер се одлучи за млад тренер со големо тренерско искуство.
Поранешниот тренер на повеќе младински екипи од Битола, Борче Корлевски се враќа на кормилото на ЖРК Пелистер 2012, откако овој тим го водеше повеќе наврати. Како тренер Борче Корлевски ги предводеше младинските екипи на Пелистер, сениорските и младински екипи на ЖРК Пелистер.
Претходно беше и технички директор на машкиот клуб и беше дел од основачите на проектот „Битолска ракометна платформа", која успешно и ја спроведе до конечна реализација.
Пелистерки првата фаза на подготовки ќе ја минат во Битола, а потоа ќе се подготвуваат во Охрид. ЖРК Пелистер видно се засили ова лето, доведе неколку млади македонски ракометарки, но тука не застанува во планот за подобар успех во наредната сезона.