До пред две години играше во Битола, а сега потпиша за најбогатиот светски клуб!

Францускиот ракометен гигант, ПСЖ, објави дека постигнал договор со хрватскиот репрезентативец Матео Мараш, кој ќе се приклучи на тимот на почетокот од следната сезона. 

Десниот бек се обврзал на двегодишна соработка и ќе се пресели во Париз веднаш откако ќе му заврши договорот со екипата на МОЛ Татабања. 

Мараш ја започна кариерата во тимот на Балиќ-Метлиќиќ, а потоа играше и за македонскиот шампион Еурофарм Пелистер. Во Татабања е од 2022 година, а за хрватската репрезентација досега настапи вкупно 25 пати.