Дижон со епски пресврт над Турингер се закити со трофејот во Европската лига!

Ракометарките на Дижон го освоија трофејот во Европската лига на ЕХФ, откако во големото финале беа подобри од тимот на Турингер со конечен резултат 29-25. 

Победата за францускиот тим е уште послатка ако се земе предвид фактот дека на паузата имаше негатива од дури девет голови (15-6), но успеа да се врати со маестрална игра во второто полувреме, приредувајќи еден од најголемите пресврти во историјата на натпреварувањето. 

Дижон постигна дури 23 гола во вториот дел, наспроти десетте на ривалот, кој комплетно ги загуби силите и потлекна пред мотивираната француска екипа. Најдобра ракометарка во победничкиот состав беше Нина Дури со осум погодоци, а на спротивната страна, ист учинок имаше Јоана Рајхерт. 

Во мечот за третото место, екипата на Виборг славеше со 35-30 над Естергоми, закитувајќи се со бронзениот медал.