Дисингер се пошегува на своја сметка: Ај, барем дресот ми беше на славјето...

Германскиот бек Кристијан Дисингер немаше среќа да го заврши СЕХА-финалето против ППД Загреб поради незгодна повреда пред крајот на првиот дел, по дуел со противнички играч.

По еден дуел со Поточник, бекот падна со целата тежина врз раката. Истата целосно се свитка, а лекарските екипи на Вардар веднаш го изнесоа надвор од теренот. Додека излегуваше раката му беше имобилизирана, но веднаш по мечот дојдоа добри вести дека тој нема скршеница.

>>> Добри вести од Брест: Дисингер нема скршеница, туку само дислокација

На социјалната мрежа „Инстаграм“, Дисингер објави фотографија од соблекувалната на Вардар, каде соиграчите му даваа поддршка. 

>>> ВИДЕО: Вардарци на сите јазици од соблекувална дадоа поддршка за Дисингер!

Директно од болничката постела реши да се пошегува на своја сметка, па под фотографијата напиша - „Барем дресот ми беше таму. Голема победа! Ви благодарам, момци!“. Бекот доби поддршка за закрепнување од многу познати ракометни имиња.

По враќањето во Скопје најавени се детални лекарски прегледи на раката на Дисингер, по што официјално ќе се соопшти за каква повреда се работи. Засега, се знае дека нема скршеница, туку само дислокација.