Дисингер: Овој Вардар можеби нема да ја освои ЛШ, ама ростерот е солиден

Германскиот ракометар Кристијан Дисингер и наредната сезона ќе биде во Скопје и ќе го носи дресот на Вардар. Во интервју за руски „Брз центар“, шутерот истакна дека актуелниот тим има потенцијал, иако ќе биде тешко повторно да се дојде до титула во Лигата на шампионите.

„Имаме солиден ростер. Михајловски е сериозен бизнисмен и сака тимот да биде меѓу најдобрите во Европа. Можеби овој Вардар нема да ја освои ЛШ, ама ростерот е солиден. Клубот доби спонзори, новите структури се формираат. Не е како претходно, кога зависеше 95% од Сергеј Самсоненко. Можев да си заминам во февруари. Но, решив да останам овде. Се чувствувам убаво во Скопје“, вели Дисингер.

Бекот кој има 28 години настапува за Вардар од 2018 година. Во Македонија пристигна од бундеслигашот Кил, а играше уште и за Либек, Атлетико Мадрид, Шафхаузен и Фризенхајм.