• Редакција Gol.mk
И покрај најавите, нема да биде постигнат договор меѓу поранешниот германски репрезентативец Кристијан Дисингер и данскиот клуб Колдинг. 32-годишниот лев бек, член на златниот состав на Вардар во освојувањето на Лигата на шампионите во 2019 година, требаше да биде решение и замена за повредените бекови во данскиот клуб, каде спортски директор е легендарниот Ларс Кристијансен.
Сепак, не е постигнат договор за соработка.
„Бараме играч кој може да ни помогне веднаш, а тој не може да го направи тоа. Треба да бидеме апсолутно сигурни дека тој е совршено за нас и по внимателно разгледување дојдовме до заклучок дека тоа не е она што го бараме во овој момент“, рече Кристијансен.
Некогашниот МВП на Светското јуниорско првенство во генерацијата 1990 година, Дисингер, по Вардар играше во Динамо Букурешт и катарскиот Духаил.