Дисингер: Навивачите на Вардар се број еден во Европа

Германскиот репрезентативец Кристијан Дисингер стави потпис на двегодишен договор со Вардар, а по официјалната соработка со „црвено-црните“, истакна дека е среќен што ќе има шанса да игра во Скопје, пред најдобрите навивачи во Европа. 

„По три години поминати во Кил, со сите подеми и падови, среќен сум што Вардар ми дава нова ракометна шанса. Кил има одлични фанови, но навивачите на Вардар се апсолутно број 1 во Европа. Јас навистина со нетрпение очекувам да ја запознаам ова земја, народот, културата, големите навивачи и целиот тим на Вардар. Ќе дадам сè за клубот и се надевам дека можам барем малку да придонесам во успешна сезона, изјави Дисингер.

Новото засилување веќе се запозна со соиграчите од тимот, а се очекува да дебитира против Мешков Брест во Скопје, на меч во рамки од Лигата на шампионите.