Дисингер има оток на коленото, неизвесен за настап во Брест

Македонскиот, СЕХА и европскиот шампион Вардар се соочува со повреди во текот на целата сезона. Ретко кога Писонеро или Кокшаров имаа комплетен ростер за да се соочат со предизвиците во најсилното европско клупско натпреварување. 

Германецот Кристијан Дисингер баш нема среќа откако дојде во Македонија. Левиот бек се повреди на средбата со Војдодина од СЕХА лигата и не играше против Киелце во Скопје. Иако шест дена подоцна настапи н а возвратниот дуел во Полска, пак чувствува болка и не тренира со интензитет.

Дисингер има оток на коленото и неизвесен е за настап на гостувањето во Белорусија в сабота. Кокшаров со консултација со медицинскиот тим ќе одлучи во текот на утрешниот ден, а в петок вардарци ќе заминат за Белорусија.

Со оглед на тоа што европскиот првак е без победа на последните два натпревари, за очекување е Дисингер да патува за Брест, па дополнително во последен момент да се одлучи дали ќе добие шанса за настап или не. 

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 10 7 2 1 314:282 32 16
2 ВеспремВеспрем 10 7 0 3 333:288 45 14
3 КиелцеКиелце 1 10 5 2 3 302:283 19 12
4 МонпелјеМонпелје 1 10 5 1 4 277:274 3 11
5 ПортоПорто 10 4 2 4 286:295 -9 10
6 ВардарВардар 10 4 1 5 286:321 -35 9
7 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 10 1 2 7 297:323 -26 4
8 Мешков БрестМешков Брест 1 10 2 0 8 274:303 -29 4