Директорот на Кил откри повеќе за повредата на Дувњак: „Може да биде фатално за нас“

Домагој Дувњак го одигра својот последен турнир со репрезентацијата и како капитен ја предводеше Хрватска до среброто на Светското првенство.

Искусниот среден бек на почетокот на турнирот ја повреди потколеницата и успеа да одигра само неколку минути во преостанатиот дел од шампионатот. Тој играше само кога Хрватска имаше повеќе играчи во поле, и поголемиот дел го мина на клупата, бидејќи селекторот Дагур Сигурдсон сфати колку придонесува за тимот и тимскиот дух.

По првенството, Дувњак се врати во Кил и направи дополнителни тестови во клубот за да се утврди сериозноста на повредата. Додека се чекаат резултатите, директорот на Кил, Виктор Силаѓи зборуваше за повредата.

„Претпоставувам дека нема да можеме да сметаме на него неколку недели. Тој беше апсолутен лидер кој го влечеше тимот, неверојатна централна фигура. Ако го немаме, тоа секако ќе биде фатално за нас“, рече Силаѓи.

Дувњак во досегашниот дел од сезоната во Бундеслигата постигна 71 гол и асистираше на уште 60.