Динар ќе му помага на Канаје во Монпелје

Тренерскиот тим на екипата на Монпелје ќе добие големо засилување за време на подготовките ова лето.

Се работи за поранешниот француски селектор Дидие Динар. Тој ќе му помага на Патрик Канаје во наредните неколку недели и ќе го споделува неговото искуство со ракометарите во пресрет на новата сезона.

Поранешниот репрезентативец на Франција ќе ги води тренинзите во текот на оваа недела и ќе соработува со имиња како Валентин Порт, Мелвин Ричардсон и Јанис Лен.

Динар сè уште нема нова екипа, но затоа е под тековен договор со федерацијата до 31 август.