Динар доби отказ од Црна Гора и веднаш најде нов ангажман, ќе дебитира во Скопје

Легендарниот француски ракометар и тренер, Дидие Динар, е нов селектор на машката ракометна репрезентација на Луксембург. Динар до неодамна ја предводеше репрезентацијата на Црна Гора и доби отказ минатата недела. но не му требаше долго да пронајде нов ангажман.

Како што изјави самиот, понудата од Луксембург ја прифатил пред сè од семејни причини и долгорочни планови. Францускиот стратег ќе дебитира во Скопје. Луксембург е во иста квалификациска група со Македонија за пласман на Европското првенство во 2028 година (заедно со Шведска и Грција).

Во својата тренерска кариера поранешниот дефанзивец има светска титула со француската репрезентација.